Пораката на веб-страницата на „КликниЈади“

Запре со работа платформата за достава на храна „КликниЈади“

Онлајн платформата за нарачка и достава на храна „КликниЈади“ од вчеравечер запре со работа, известувајќи ги корисниците дека прекинот е „привремен“, но и „на неопределен временски период“.

„Почитувани корисници, нашата услуга за достава ќе биде привремено прекината од денес, за неопределен временски период. Ви благодариме на разбирањето“, пишува во кусата порака до муштериите на веб-страницата на „КликниЈади“.

Ова се случува по десет години откако „КликниЈади“ започна со работа, како една од првите платформи-агрегатори на ресторани за нарачка на храна во Скопје и Македонија. Во последните години, драстично се засили конкуренцијата во бизнисот со достава на храна кај нас, а на пазарот влегоа и големи „играчи“ од странство, како „Волт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот