Започна со производство фотонапонската централа „Стрежево 1“

Стрежево Фото: Васка М. Младеновска/ Слободен печат

Започна со работа новата фотонапонската централа „Стрежево 1“ изградена со сопствени средства во вредност од околу 30 милиони денари на Јавното претпријатие „Стрежево“ Битола.

Централата е со моќност од 500кW и се наоѓа на локацијата Брана Стрежево.

-Ова е првата изградена фотоволтаична централа со можност на изградба и на втора централа од ваков тип со оглед на фактот што имаме добиено дозвола за градба до 1МW.Основните технички карактеристики на ФЕЦ се следните: 1248 монокристални фотонапонски панели, 6 инвертори со моќност од 440 кW, енергетски трансформатор 630 kVA, преносно ниво 35/0,4 kV и годишно производство околу 700 000 kWh. Со оваа инвестиција започнуваме и процес на искористување на сончевата енергија како обновлив извор за добивање на електрична енергија покрај досегашното искористување на водата од петте мали хидроцентрали-рече на денешната свеченост по повод пуштањето во производство на фотонапонската централа, генералниот директор на ЈП „Стрежево“, Методија Граматковски.

Методија Граматковски Фото: Васка М. Младеновска/Слободен печат

Заблагодарувајќи им се на раководниот тим и на сите вработени во реализирањето на оваа значајна инвестиција за претпријатието, Граматковски истакна дека фотоволтаичната централа била идеја и на претходните раководства, но, како што рече, добри идеи се само реализираните, а не, оние кои ќе останат на лист хартија и нереализирани.

-Успешното инвестирање во најдобри инвестициони проекти придонесува до успешно работење и напредок на самото претпријатие. Инвестиционата одлука за овој проект е добро осмислен чекор, реален и рационален, еколошки одобрен со обликувана јасна визија како приоритетен проект со сопствена развојна компонента. Овој проект има позитивен инпут врз работењето на претпријатието, економскиот ефект на инвестицијата е крајно оправдан со видлив резултат и предвидливи критериуми кои укажуваат на фактот дека очекуваните ефекти ќе ги надминат вложените средства во инвестицискиот проект-додаде првиот човек на ЈП „Стрежево“ Методија Граматковски.

Стрежево Фото: Васка М. Младеновска/ Слободен печат

ЈП „Стрежево“ е првото формирано претпријатие од Владата кое изградило фотонапонска централа и добиеното производство ќе го продава и на слободниот пазар, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

-Изградбата на фотонапонската централа е новиот резултат на раководството и вработените во ЈП „Стрежево“ и покрај користењето на водата за производство на електрична енергија, овде се започнува и со користење на сончевата енергија. Тоа гарантирано ќе води до понатамошен развој на капацитетите за користење и на обновливите извори на енергија. Во време на големи еколошки и енергетски предизвици, активното вложување во ваквите капацитети го сметам за чин на одговорност, визионерство, но, и на патриотски однос кон сопствената држава, затоа што се вложува во нејзиниот развој и енергетска стабилност а со тоа и во иднината на нашите деца. Со ваквата посветеност и развојно ориентирано работење, следат многу успеси и достигнувања и во иднина за ова јавно претпријатие.

За голема пофалба е тоа што и покрај кризите во изминатите години кои силно се одразија врз економијата, претпријатието со сопствени средства ја разви оваа капитална инвестиција-истакна на денешната свеченост по повод пуштањето во производство на новата фотонапонската централа „Стрежево 1“ изградена со сопствени средства на јавното претпријатие „Стрежево“ Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот