Започна процесот на пријавување за организација на ЕВРО 2028

УЕФА во 2023 година ќе одлучи кој ќе ја добие организацијата на ЕВРО 2028/фото: EPA-EFE/Laurence Griffiths

Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави дека започна процесот на пријавување на заинтересираните Федерации за организација на Европското првенство кое треба да се одржи во 2028 година.

Рокот за поднесување на кандидатурите е до март 2022 година, а домаќинот на ЕВРО 2028 ќе биде одреден во септември 2023 година.

УЕФА дозволи да има заеднички кандидатури, но мора да ги исполнат условите кога станува збор за капацитетот на стадионите. Организаторот на Европско првенство во фудбал мора да има десет стадиони со следниот капацитет:
– Најмалку еден стадион со минумум 60.000 места на седење.
– Најмалку еден, а пожелно е да бидат два стадиони со капацитет со минимум 50.000 места за седење.
– Најмалку четири стадиони со не помалку од 40.000 седишта.
– Најмалку три стадиони со не помалку од 30.000 седишта.

УЕФА на 5. април 2022 година ќе објави кои земји поднеле кандидатури кои потоа ќе имаат рок до 12. април 2023 година да ја поднесат комплетната документација.
Одлуката каде ќе се одржи ЕВРО 2028, УЕФА ќе ја донесе во септември 2023 година.

Директен пласман на Европското првенство ќе обезбедат домаќините, под услов да не бидат повеќе од две земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот