Започна церемонијата за крунисување на кралот Чарлс

Започна церемонијата за крунисување на кралот Чарлс.

Истата се очекува да трае два часа.Ова е значително пократко од многу крунисувања кои се случиле во минатото.

Принцот Хари, принцот Ендру и принцезите Евгенија и Беатрис пристигнаа на западната порта на опатијата.

Околу 5.000 припадници на вооружените сили пристигнаа во Лондон со специјално изнајмени возови од места како што се Фарнборо, Тринг и Алдершот.

Тие маршираат преку мостот Вестминстер за подоцна да ги заземат своите позиции во поворката. Вооружените сили вклучуваат припадници на Армијата, морнарицата, РАФ и силите на Комонвелтот.

Светските лидери и шефови на држави почнаа да пристигнуваат во Вестминстерската опатија од околу 9.30 часот. Церемонијата на крунисувањето ќе биде проследена со музика избрана од кралот, со 12 новонарачани песни, вклучително и една од Ендрју Лојд Вебер.

Кралот ќе биде крунисан после 12 часот. Кралот и кралицата потоа ќе се вратат во Бакингемската палата.

Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе ја поздрават публиката од балконот на Бакингемската палата нешто пред 14.30 часот.

Тој ќе биде крунисан заедно со Камила, кралица сопруга, и ќе биде 40-тиот владејачки монарх крунисан таму од 1066 година. Сепак, Чарлс ќе остане запаметен како наследник со најдолг стаж во британската историја, откако помина седум децении како прв во редот за тронот, јави Скај њуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот