Запленета дрога во вредност од над милијарда евра во Италија со цел финансирање на ИД

Италијанска полиција/ Фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Финансиската полиција во Неапол во пристаништето Салерно откри и заплени дрога во вредност од над една милијарда евра.

Полицијата откри 14 тони амфетамини, 84 милиони таблети со лого „каптагон”, што се произведува во Сирија од страна на Исламска држава за финансирање на тероризмот.

Дрогата била скриена во инустриски цилиндри за хартија, кои требало да ги спречат скенерите да ја откријат содржината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот