Западот се согласи, ја исклучува Русија од Свифт

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Западните сојузници договорија нови финансиски санкции против Русија поради инвазијата на Украина, се согласија да ги исклучат руските банки од системот Свифт, објави агенцијата „Франс прес“ (АФП).

Свифт е глобален платен систем кој овозможува непречен и брз трансфер на пари преку границите и поврзува 11 000 банки и институции во повеќе од 200 земји.

Забраната за Русија да го користи системот што го користат илјадници финансиски институции – ќе ја погоди банкарската мрежа на земјата и пристапот до средства.

Во соопштение Белата куќа соопшти дека, во соработка со Европската комисија, Франција, Германија, Италија, Велика Британија и Канада, САД го поддржуваат исклучувањето на „избрани руски банки” од SWIFT, високата безбедносна мрежа која поврзува илјадници финансиски институции ширум светот и вети напори за „колективно да се осигура дека оваа војна е стратешки неуспех за Путин”.

ВО ЖИВО | Трет ден конфликт меѓу Русија и Украина, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот