Занаетчиска комора: Сè уште не е исплатена финансиската помош за плата за октомври

Занаетчиската комора на Република Северна Македонија преку соопштение реагира поради неисплатената ветена помош од државата.

-Ние како Занаетчиска комора на Република Северна Македонија, во име на занаетчиите кои се паушално оданочени и кои се едни од најпогодените од оваа криза предизвикана од пандемијата COVID 19 би сакале да реагираме поради тоа што ветената помош од Владата, односно четвртиот сет мерки –финансиската помош за плата за октомври се уште не е исплатена на сметките на занаетчиите- се вели во соопштението.

Занаетчиска комора на РСМ е претставник на 15 Регионални занаетчиски комори и ги застапува интересите на сите занаетчии од нашата држава пред сите надлежни институции. Кризата предизвикана од COVID 19 ги погоди занаетчиите до степен што тешко можат да опстанат без ветената помош од државата.

Занаетчиите имаат намален обем на работа, особено во овој период така што единствен излез и решение им е помошта од државата која ќе спречи затворање на голем број занаетчиски дуќани. Исто така, со оваа помош ќе се спречи зголемување на невработеноста.

-Сепак и покрај одобрените апликации на занаетчиите, финансиската помош од Владата се уште нема стигнато на нивните сметки, додека пак помошта за плати на други фирми за месец октомври веќе е исплатена. Уште еден проблем со кој се соочија занаетчиите е тоа што почнаа да им стигнуваат опомени за неисплатена плата за месец октомври од Управата за јавни приходи затоа што рокот за исплаќање на плата според законските регулативи е 15 ноември. Најголем дел од занаетчиите не се во можност сами да ја исплатат платата. Освен тоа веќе имаат потврден одговор на апликацијата што ја поднесоа за помош од државата. Тие сметаа на оваа помош која засега не ја добија- велат оттаму.

Занаетчиска комора на Република Северна Македонија, потанцираат оттаму, и нашите занаетчии се навистина благодарни на Владата и на надлежните министерства за одобрувањето на ваквата помош, но би сакале во најкраток можен рок да им биде исплатена помошта за месец октомври.

-Исто така, занаетчиите би сакале навремено да им се исплати помошта за плата и за месец ноември без вакви доцнења и без опомени од УЈП. Ние како Занаетчиска комора на РСМ будно ја следиме ситуацијата и сме информирани дека сите сите фирми што се фискализирани ги имаат добиено овие средства ги имаат добиено помошта од државата освен физичките лица што вршат занаетчиска дејност.. Во комуникација со сите Регионални комори информирани сме дека ниту еден паушално оданочен занаетчија ја нема добиено финансиската помош од четвртиот сет мерки од Владата. Очекуваме одговор и дејствување од Владата, надлежните министерства и Управата за јавни приходи за да се реши овој проблем во најкраток можен рок- се вели во соопштението од Занаетчиска комора на Република Северна Македонија.

Управен одбор на Занаетчиска комора на Република Северна Македонија  (ЗКРСМ) на чело со Агрон Фазлији-Претседател на ЗКРСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот