7 C
Скопје

Занаетчиите ќе плаќаат помал данок: Помалку пари за државната каса, за муштериите – исти цени

Наместо со 18 проценти, како досега, по новогодишните празници, занаетчиските услуги добија ДДВ од 5 проценти, што значи помалку пари за државната каса, а повеќе за давателите на услугите.

Олеснувањето важи за фризерите, чевларите, крпачите на облека и поправачите на велосипеди, но за муштериите цените останаа исти. Намалувањето на процентот на ДДВ, беше предлог на Занаетчиска комора-Скопје и тој се најде во четвртиот пакет мерки за економијата. Од еснафот не се задоволни со мерката за која велат дека е парцијална и веќе предизвикува незадоволство, поради селективноста.

-Сметаме дека многу малку занаетчиски услуги се опфатени со намалувањето на даночната стапка од 18 на 5 проценти, а решението се однесува на дејности кои не се воопшто ДДВ обврзници. Тоа се: поправка на велосипеди,  чевли и производи од кожа, облека и постелнина за домаќинството (вклучувајќи крпење и прекројување) и фризерски услуги. Законското решение, треба да се однесува за занаетчии регистрирани согласно Закон за занаетчиство, а не за претходно наведените бизниси, кои се регистрирани согласно ЗТД, како трговски претпријатија, ДОО или ДООЕЛ – вели за „Слободен печат“, Анета Атанасовска, извршен директор на Занаетчиска комора Скопје.

Прочитајте и...  Денеска без вода дел од Долно Лисиче

Доколку не се најде решение за намалување на процентот на оданочување и кај другите занаетчиски услуги, тогаш оваа законска измена ќе предизвика само незадоволство во еснафот, додава Атанасовска. Тие предлагаат во Законот за ДДВ да се додадат и други услужни дејности кај кои ќе се намали даночната стапка од 18 на 5 проценти,  затоа што најновото законско решение е практично неприменливо во пракса. Во однос на прашањето за намалување на цените на занаетчиските производи и услуги, за такво нешто нема услови, бидејќи секторот, од март 2020 година, едвај преживува поради намалениот обем на работа.

 

Поврзани вести

Филипче за набавка на ковид вакцини: Преговараме со кинески „Синовак“ и „Синофарм“, чекаме дози и од Ковакс механизмот и од „Фајзер“

Слободен печат

Шкотска ќе одржи нов референдум во мај

Срѓан Ивановиќ

Бајден повторно ги воведе ограничувањата за патување

Слободен печат

Гувернерот на англиската Банка: Криптовалутите веројатно нема да потраат

Слободен печат

Поранешниот претседател на САД може да здивне: Врховниот суд отфрли две тужби против Трамп

Слободен печат

Пописот во АД Македонија

Жарко Јорданоски

Остави Коментар