Замир Мехмети стана советник во СДСМ

фото: Фејсбук

Нов советник на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски ќе биде Замир Мехмети. Тој самиот ја објави информацијата на својот профил на Фејсбук.

Замир Мехмети беше дел од Шарената револуција, а е брат на поранешната пратеничка на ДУИ, Ермира Мехмети.

– Со задоволство ја прифатив поканата од генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, да се вклучам како советник во неговиот тим кој ќе има задача да го подобри функционирањето и да придонесе за отварање и демократизација на партијата и на општеството во целост – пишува Мехмети на неговиот профил на Фејсбук.

Тој вели дека при неговото одлучување, тргнал од премисата дека секоја единка треба да ја прифати одговорноста и своите капацитети максимално да ги вложи за да придонесе во идеите во кои верува.

– Јас бескомпромисно верувам во концептот „едно општество за сите“ и со прифаќањето на оваа понуда ја превземам обврската лично и директно да учествувам во зајакнување, растење и развивање на оваа, за мене, револуционерна идеја. Во меѓувреме, како и досега, останувам посветен на принципите за правда, еднаквост и слобода, како главни постулати на секое праведно општество. Борбата продолжува! – вели Мехмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот