Моника Зајкова / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Зајкова откако ѝ го одбија предлогот за алки за семејни насилници: А, утре ќе изразуваат жалење

Откако владејачкото мнозинство во Собранието денеска го одби предлогот поднесен од пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова – да се воведат електронски нараквици со кои ќе се следат осудениците за семејно насилтво, Зајкова реагира на социјалните мрежи.

„Пратениците од мнозинството денес повторно избраа да бидат соучесници во насилството наместо превенција, одбивајќи го по вторпат предлогот за воведување електронска нараквица за следење на сторителите на насилство – мерка што значи превенција, што значи спасени животи, што значи реална заштита“, вели Зајкова во објавата.

„Предложените измени, покрај изречената забрана за приближување, бараат сторителот на себе да носи електронска нараквица која ќе ја предупредува жртвата дека истиот се приближува до одредено место, односно на одредена оддалеченост. Без збор. Без аргумент. А, утре ќе изразуваат жалење за секој нов случај што не го превенирале“, вели пратеничката.

Нема да има електронски алки за следење на семејните насилници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот