Фото: Општина Сопиште

„Заиграа“ метлите во Теферич, Кисела Вода и Сопиште заеднички го чистат просторот

Општините Кисела Вода и Сопиште со заеднички сили, со механизација и екипи од двете локални администрации денеска го чистат и уредуваат просторот кај Теферич.

Во акцијата, како што информираат,  се вклучени 40 работници, ангажирани се багери и камиони со кои се  отстрануваат  депониите со шут и отпад, додека екипите со тримери ги уредуваат обраснатите јавни површини.

Ова е дел од пошироката генерална акција која веќе една недела ја спроведуваме во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ низ населбите и населените места во општина Кисела Вода. Преку ваквите акции се стремиме да ја подобриме хигиената и да ја уредиме животната средина во која сите живееме. Продолжуваме со работа на терен, во интерес на граѓаните на Кисела Вода – вели градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Првиот човек на Општина Сопиште, Јане Мицсвски посочува дека патот кон Теферич е еден од главните влезови во оваа општина, па затоа неговата чистота и уреденост се од особено значење, зашто тоа е првата слика за Сопиште што ја гледа секој што доаѓа во општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот