Захарова: Западните земји немаат право да ја учат Кина како да постапува со Хонгконг

Марија Захарова/ Фото: ЕПА

Земјите од „големата седумка” кои се соочија со масовни протести по убиството на Џорџ Флојд во САД, немаат право да ја учат Кина како да постапува со Хонгконг, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Јапонскиот весник „Јомиури” објави дека министрите за надворешни работи на земјите од „седумката” усогласуваат текст на можна заедничка изјава, во која планираат да побараат од Пекинг да ја преиспита одлуката за подготовка на нацрт-законот за национална безбедност на територија на Хонг Конг.

– Значи после целиот сеопшт срам поради нефункционалноста на либерално-демократскиот систем, каде улогата на сите четири гранки на власта кои не ја вршат својата работа можеше да ја игра само оружјето, тие решија да ја учат Кина како да управува со државата?, напиша Захарова на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот