Захарова ги пецна САД: Претседателските избори покажуваат пропусти во изборниот систем

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова оцени дека тензиите околу претседателските избори во САД покажуваат „очигледни пропусти” во американскиот изборен систем и изрази надеж дека кризата нема да доведе до масовни немири.

– Очигледните пропусти на американскиот изборен систем се видливи, што повеќепати беше посочено од меѓународните набљудувачи, вклучувајќи ги и ОБСЕ и признатите експерти од оваа област, ​​изјави Захарова.

Американскиот изборен систем, оценува таа, страда од „архаичната природа” на законите и недостатокот на прописи за „голем број основни прашања”.

Захарова, сепак, изрази надеж дека „постојните правни механизми ќе овозможат определување на идниот шеф на државата во целосна согласност со американскиот Устав”.

Таа, исто така, соопшти дека „американските граѓани заслужуваат правилно да им се избројат нивните гласови”.

– Што се однесува до руско-американските односи, Москва е подготвена за конструктивна соработка со американскиот претседател, кој и да биде по изборите, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот