Захариева: Голема грешка е стопирањето на Македонија

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева оцени дека одлуката за стопирање на планираниот почеток на претпристапните разговори на Северна Македонија со Европската унија е голема историска грешка.

– Гледате ќе има избори, тоа значи нестабилност – рече министерката, пренесоа бугарските медиуми.

– Бугарија кажува големо ‘да’ за почеток на преговорите – дополни Захариева.

Според неа Македонија заслужува да ги почне разговорите за членство во ЕУ, а понатаму целосно да ги исполни условите што ги постави бугарската страна.

Бугарските медиуми потсетуваат дека на последниот самит во Брисел минатата недела, францускиот претседател Емануел Макрон стави вето на почетокот на претпристапните разговори со Тирана и Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот