Заха сите 50 недвижнини во Лондон им ги отстапува на медицински лица

Фудбалерот на Кристал Палас, Вилфред Заха, им се приклучи на газдата на Челси, Роман Абрамович, и поранешните играчи на Манчестер јунајтед, Гери Невил и Рајан Гигс, и одлучи да им помогне на здравствените работници во Лондон и во цела Англија.

Тој потврди дека сите недвижнини, околу 50-тина кои ги поседува во Лондон им ги отстапува на користење на медицинскиот персонал кој се грижи за заразените од коронавирусот.

Заха ги замоли сите медицински работници да му се јават доколку им треба сместување по работниот ден и не се во можност да се вратат во своите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот