Загрозени непрофитни организации низ светот: Фондациите на Сорос замрзнуваат грантови и отпуштаат 40 отсто од кадарот

Алекс и Џорџ Сорос - Фотографија Profimedia

„Преуредувањето“ ќе значи намалување на 40 отсто на кадарот од 800 ангажирани лица во 20 земји. Малок-Браун тоа го нарече „болни вести за сите засегнати“.

Фондациите Отворено општество на американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос објавија дека до февруари строго ќе го ограничи доделувањето нови грантови заради префрлање кон нов оперативен модел. Ограничувањето нема да ги опфати веќе доделените грантови, но некои нема да бидат обновени. Промените на моделот се поврзуваат со назначувањето на Алекс Сорос, синот на основачот, за претседател на Управниот одбор.

– Технолошките, еколошките, политичките и социоекономските промени ги предизвикуваат идеалите на отвореното општество низ светот. Овој проток бара и ние да ја преуредиме нашата филантропија – објави во писмо до „пријателите и партнерите“ претседателот на Фондациите Марк Малок-Браун.

„Преуредувањето“ ќе значи намалување на 40 отсто на кадарот од 800 ангажирани лица во 20 земји. Малок-Браун тоа го нарече „болни вести за сите засегнати“. Ќе биде променето и времетраењето на грантовите.

– Ова ќе значи повеќегодишни заложби, што на нашите партнери ќе им овозможи да инвестираат во амбициозни и долгорочни акции со јасни и мерливи цели што нема да може да бидат остварени без вклученост на Отворено општество – забележува претседателот на Фондациите.

Многу корисници на грантови, особено помалите непрофитни организации, изразија загриженост за најавеното намалување на кадарот, како и за новиот модел за финансирање. Фондациите отворено општество се еден од најголемите финансиери на организации за човекови права и слобода на говор, а од неодамна и на климатска правда. Фондациите во 2021 година донираа 1,5 милијарда долари, од што 401 милион за непрофитни организации во САД и 209 милиони во Европа и Централна Азија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот