ЗАГРИЖУВАЧКИ: Децата минуваат и по девет часа дневно на Интернет!

Агенцијата за електронски комуникациии спроведе анкета од 23. до 31. мај годинава, за тоа колку време децата дневно минуваат на Интернет. Според резултатите, тие навистина се загрижувачки.

Девет проценти од малолетниците во просек дневно поминуваат повеќе од девет часа на Интернет, 41,2 проценти од два до пет часа, а до два часа 36,1 проценти, покажува анкетата.

Педесет и шест проценти од домаќинствата со малолетни лица кои пристапуваат на Интернет не се свесни дека постои софтвер за родителска контрола што на децата ќе им овозможи безбеден Интернет. Таков софтвер имаат инсталирано само осум проценти од домаќинствата кои се свесни дека постои.

Повеќе од половина (54  проценти) од испитаниците што немаат таков софтвер се заинтересирани да го инсталираат во иднина, но мнозинството (91 проценти) од нив не знаат каде можат да го набават.

Според извештајот на УНИЦЕФ, секое четврто дете на претшколска возраст и над половина од децата кои одат во училиште поседуваат барем по еден дигитален апарат, најчесто „паметен телефон”, лаптоп и таблет компјутери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот