Загреб: 25 години затвор за момчето кое 88 пати ја прободе својата бремена девојка

Фото: Твитер/Rberet

„Сега, по речиси три години, секој ден ми е сѐ потешко и потешко да се носам со тоа што ѝ го одземав животот на девојката која ја сакав и која ми беше сѐ во животот“, рече 22-годишниот Комшиќ.

Давид Комшиќ (22) за бруталното убиство на Кристина Крупљан (18) осуден е на 25 години затвор, што сега и правосилно го потврди и Врховниот суд. Тој во февруари 2017 година ја уби 18-годишната девојка со 88 убоди со нож.

Правосилната пресуда за убиството на Кристина од Врховниот суд се уште не е доставена до странките бидејќи мора да ги помине сите интерни процедури, а „Јутарњи лист“ дознава дека одлуката е донесена истиот ден кога се одржала и седница на третостепениот совет, на 9 декември, пренесува „24сата.хр“.

Советот, како што се наведува, сметал дека казната од 25 години затвор е доволна за Комшиќ кој Кристина ја уби на паркинг во Загреб, откако се вратиле од ноќно излегување. Кристина тогаш му рекла дека е бремена од друг маж и сакала да ја раскине врската со Давид, кој потоа брутално ја убил, го фрлил ножот, се преоблекол и со татко му се пријавил во полиција.

Пет рани биле смртоносни, четири убодни рани се нанесени во вратот и една во градите, која на Кристина ѝ ги повредило срцето и белите дробови. Освен тоа, девојката имала и одбранбени повреди од кои вештаците заклучиле дека смртта не настапила веднаш и дека жртвата имала големи болки. И траговите на нејзините патики на прозорецот на автомобилот говорат дека таа се обидувала да се спротистави со своите нозе и да се одбрани од нападот.

– Никогаш немав намера да ѝ го одземам животот на Кристина. Јас на целиот настан не го помнам, а потоа преземав се за да се обидам да ѝ помогнам. Сега, по три години, секој ден ми е сѐ потешко и потешко да се носам со тоа што ѝ го одземав животот на девојката која ја сакав и која ми беше сѐ во животот. Свесен сум дека ги уништив животите на две семејства, нејзиното и моето, жалам сега и ќе жалам додека сум жив – изјави Комшиќ во обраќањето пред судскиот совет по пат на видеолинк.

Претходно, минатиот март, на второстепената седница низ солзи рече дека му е жал што на Кристина и на нејзиното дете им го одземал правото на живот.

– Со неа поминав пет најубави години од својот живот. Не поминува ни ден а да не се сетам на неа. Се сеќавам на неа секое утро, секој ден и секоја вечер пред да спијам. Кога ќе слушнам некоја песна која ја сакавме или на некој филм што го гледавме заедно, би го дал сопствениот живот за да го вратам нејзиниот – рече Комшиќ, на кој Врховниот суд потоа од 30 му ја намали казната на 25 години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот