Заев во најновиот анкетен лист пријавил поголем имот

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во најновиот анкетен лист пријавил поголем имот во споредба со претходно. Станува збор за стан, моторно возило и приход по основ на ликвидација на компанија, во сопственост на членови на семејството на Заев со кои живее во исто домаќинство, пишува неделникот „Фокус“.

Тој вели дека го пријавил имотот на членовите со кои живее во заедница, како што налага Законот, но додава дека не сака и не може да говори за имотот на поширокото семејството, кој, како што вели, во рамки на самото семејство е генерално проценет на 8 и пол милиони евра.

– Поширокото семејство Заеви брои многу членови. Иако јавноста не перципира како едно, сепак, ние функционираме одделно, со посебни буџети. Сепак, компаниите си помагаат кога има потреба, кога треба да се даде заем и слично. Бројката од 8,5 милиони евра е генерална проценка што се направила во рамки на семејството во смисла колку вредат сите компании на пошироката фамилија. Треба да се знае дека не станува збор за 8 милиони евра пари на банкарски сметки, туку за вредност на компаниите. Исто така, мора да се каже дека има на над 4 милиони евра кредити –  изјави Заев за неделникот „Фокус“.

Во однос на прашањето дали поседува имот во странство, Заев тврди дека тој лично нема никаков имот надвор од државата.

– Моите братучеди имаат куќа во Грција, за која пишуваа медиумите, и тоа е точно. Но, таа куќа не е моја, иако некогаш одам на гости. Сите останати написи и тврдења за имот во странство се невистинити– вели премиерот и лидер на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот