Заев: Скршени сме од веста за трагичното заминување на Билјана Беличанец

Премиерот Зоран Заев, испрати порака на сочувство за ненадејната смрт на актерката Билјана Беличанец, која почина синоќа, одземајќи си го животот.

„Скршени сме од веста што пристигна денеска за трагичното заминување на Билјана Беличанец.

Јавноста е во тага и неверување што меѓу нас не е веќе една од најмаркантните театарски актерки која животот го посвети на публиката и на граѓаните.

Не постојат зборови за утеха освен искреното и длабоко сочувство со болката.

Нека е вечно сеќавањето на Билјана“, напиша Заев на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот