Заев: Никој нема да биде изоставен со четвртиот пакет мерки (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција го презентираше сетот мерки од четвртиот пакет кој го усвои Владата на денешната седница во вкупна вредност од 470 милиони евра, со кој, како што рече, не е заборавен никој. Заедно со претходните три пакети за граѓаните и стопанството, како што кажа, за надминување на последиците од здравствено-еконосмката криза им се доделени над една милијарда евра.

Четвртиот пакет, кој има вкупно 31 мерка, е директна поддршка за економската и социјална сигурност на нашите граѓани и поттикнување на приватната потрошувачка. „Ги имаме во предвид сите дејности, сите компании, а нашето внимание е насочено кон поддршка на работните места, на ранливите категории, невработените…“, рече премиерот.

Прочитајте и...  Холштајн: Евентуално незапочнување на преговори со Северна Македонија ќе биде неуспех

Прва мерка е продолжување на поддршката за исплата на плата во последните три месеци.

Како што рече таа ќе биде скалеста и ќе зависи од падот на приходот кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите толку ќе биде поголема поддршката која ќе се движи од 14.500 денари до 21.776 денари.

Со оваа мерка ќе бидат поддржани 250.000 работни места, а вредноста е 70 милиони евра.

Втората мерка е платежна картичка за за поголема потрошувачка во износ од 6.000 денари, а ќе ја добијат 5.726 самохрани родители, 182.271 пензионер со пензии до 15.000 денари, 85.108 пасивни баратели на работа, самостојни уметници.., рече Заев, додавајќи дека ќе ја добијат и оние граѓани над 64 години кои немаат пензија, а се со приходи пониски од 15.000 денари или воопшто немаат приходи.

Прочитајте и...  Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да биде учесник во оваа соло игра на д-р Караџовски, Филипче и неспособната влада на Заев

Оваа мерка е наменета за 280.000 граѓани кои ќе бидат поддржани со 27,6 милиони евра.

Меѓу мерките е и зголемување на грејс период на бескаматните кредити од ковид-19 линијата во траење од три месеци, потоа поддршка со плата на туристичките водичи, поддршка за туризмот преку враќање на туристичката такса за 2019 година во износ од два милиони евра.

Соопшти над 30 мерки меѓу кои и за угостителските објекти за организирање свадби, игротеките, уметниците, компании, земјоделци….

Новиот пакет е продолжение на претходните три пакета, а целта е да се обезбеди одржливост на македонските економски дејности и работните места.

Поврзани вести

ВИДЕО: Од што заболуваат американските дипломати во Русија и Куба? Сè започнува со губење на слухот

Маријана Митровска

Уште еден велешанец ја загуби битката со коронавирусот

Слободен печат

Детали: Волонтерот кој умре на тестирањето на Оксфорд вакцината, примил друга вакцина

Слободен печат

Алиев: Азербејџан презеде контрола над 22 места во Нагорно-Карабах

Слободен печат

Рамадани: Изјавата на Каракачанов е сериозна, но и апсурдна

Слободен печат

Нагорно Карабах останува воена зона: Турција е подготвена да испрати војска во Азербејџан

Слободен печат

Остави Коментар