Заев: Ние сме мултиетничка земја отсекогаш и никој не смее да нè дели

Денес ја бараме вашата континуиран поддршка на концептот што нè води на правиот пат и тоа токму од мултиетничка средна како што е Гостивар, нагласи претседателот на СДСМ и Владата на РСМ Зоран Заев во неговото обраќање на трибината во Гостивар, зборувајќи за соживотот во земјава.

– Ние сме мултиетничка земја отсекогаш и никој не смее да нè дели. Нема да дозволиме повторно да го раскараат народот. Со концептот едно општестви ги отворивме сите прашања на предрасуди, а денес зборуваме за меѓучовечки односи, си помагаме едни со други и тоа треба да продолжиме да го правиме. Да не дозвoлиме на луѓе кои се лицмерни и подваат рака само ако се работи за власт повторно да внесуваат поделби. Затоа на 12 април заедно да потврдиме дека продолжуваме на прав пат. Сето друго е експеримент кој што ќе нé врати назад, не со години туку со децени, рече Заев на граѓанската трибина „На прв пат” во Гостивар.

Тој ги критикуваше политичките опоненти од ВМРО-ДПМНЕ дека зборуваат за чисти држави, се служат со лаги и лицемерие и дека, како што кажа, не се одважиле за да покажат државотворност во важните моменти.

Заев зборуваше и за постигнатите резултати на полето на економијата, социјалната заштита, вработувањата и други сфери, низ конкретни бројки со констатација дека, во значителна мера е подобрен животниот стандард и дека во земјава има слобода на говор.

На трибината зборуваше и претседателот на комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство Венко Филипче, кој најави нови вработувања во здравството и подновување на медицинската опрема.

– Во гостиварската болница наскоро и за прв пат ќе биде исталиран апарат за магнетна резонанца со што ќе се задоволат потребите на граѓаните и ќе се олеснат дијагностичките постапки- рече Филипче и нгаласувајќи дека политиката на актуелната влада е да се инвестира во медиционскиот кадар и пдообрување на условоите во кои работат.

Потпретседателото на СДСМ Коста Петров на трибината зборуваше за како што рече факите кои потврдуваат успесите на СДСМ во сферите на економијата, градежништвото, социјалната политика. Според Петров најголемото достигнување досега на земјата скорешното полноправно членство во НАТО и како особено важна ја најави застпеноста на жените на листитие за престојните избори.

– Денес од овде од Гостивар посебно сум горд што можам да кажам дека од следните избори на нашите лисит ќе имаме 50 отсто застапеност на жените. Такви кои посебно се истакнаа како стручни и многу посветени, а тоа резултираше со огромни успеси- истакна потпретседателот Коста Петров од трибината во Гостивар. На трибината обраќања имаа и пратеничката Ѓулумсер Касапи и директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот