Заев им порача на мрчаторите да престанат

Премиерот Зоран Заев денеска ги кажа имињата на новите министри кои се предложени за Собранието да ги одобри. Најголеми реакции предизвика неговото име, односно дека тој самиот се предложи да биде министер за финансии. Премиерот од Валандово, соопшти дека на местото на досегашниот министер за финансии, Драган Тевдовски, ќе дојде тој. Како што рече, тоа ќе биде само на определен период.

Заев на прашањето на што ќе се посвети како министер, ги искара тие кои ја критикуваат политиката на власта со данокот на додадена вредност.

– Секако јас и досега работев со министерот Тевдовски, ги знам сите проекции и постапки, летово нема да се случуваат некои драматични работи околу ребаланс или слично, веројатно есента. Она што е важно е на први јули да почне проектот на повраток на ддв и сите оние што кубат коси да престанат со тоа заради тоа што е изгорена нашата земја, никогаш не се враќале пари, е сега дали некој ќе добиел 12 илјади, 15 или 27 илјади и слично, дебата ја отвараат одреден дел мрчатори во општеството. Ние враќаме пари кај граѓаните и ова е толку, дај боже да враќаме повеќе, ако проектот успева граѓаните ќе вратат повеќе пари. Главна задача е порастот на платите, не само во делот на здравството и здравствените работници, од први септемвери и на голем дел од јавната администрација, но сакаме да направиме крупни чекори кон пораст на севкупните нето плати кои се земаат во земјата – одговори премиерот Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот