Заев и Царовска на првиот училиштен ден во „Коменски”

Фото: Слободен печат/Ристе Пејовски
Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска по повод почетокот на учебната 2020/2021 година ќе се обратат во основното училиште „Јан Амос Коменски” во Карпош.
Училишната година првпат е одложена за еден месец и денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади се првачиња. Еден дел ќе бидат во училниците и настава ќе следат според здравствени протоколи, а поголемиот дел ќе учат онлајн од дома преку националната платформа за учење од далечина.

Онлајн-наставата е веќе и законски регулирана откако беа изгласани измените на законите за основно и за средно образование. Законски се овозможени и исклучоци во однос на почетокот и завршувањето на учебната година во вонредни околности и кратење на наставните денови во учебната година од 180 на најмалку до 100.

Наставниот час ќе трае за десет минути пократко од регуларните во класичната настава, односно 30 минути во основното и 35 минути во средното образование. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот