Заев-Баздникин: Пријателството со Русија останува, случајот со комичарите нема да влијае на односите

Премиерот Зоран Заев денеска одржа средба со рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, со кого разговараа и за неодамнешниот случај со руските комичари кои лажно се претставувале како Порошенко и Столтеберг во телефонски разговори со премиерот Заев.

– Дефинитивно заклучивме и двајцата дека ова е во сферата на приватни дејствија и така е и претставено во јавноста. Пријателството секако останува. Наша е обврска е да го надоградува и да расте. Работиме на нови економски проекти. Верувам дека и трговијата ќе расте со Руската Федерација. Модерните технологии можат некој пат да направат вака непријатни чувства, но земјите мора да го унапредуваат пријателството – изјави Заев одговорајќи на новинарско прашање по отворањето на фабриката на АТС Груп во Визбегово.

Прашан дали руските власти ќе преземат нешто во врска со случајот, Заев рече дека ниту во нашето ниту во руското законодавство постојат малку одредби за ограничување на ваквите случаи.

– Дефинитивно, конечното е да ги унапредиме нашите безбедносни протоколи и да внимаваме секогаш кога разговараме тоа да биде проверено. Само на тој начин ќе можеме да го избегнеме тоа – истакна премиерот.

Заев потврди дека вчера телефонски разговарал со косовскиот претседател Хашим Тачи, дека му се извинил во врска со содржината од објавените снимки од страна на руските пранкери, доколку тоа му предизвикало непријатни чувства и оти се договориле соработката меѓу двете земји да продолжи.

– Кога разговараме вака невнимателно, разговараме на база на информации од медиуми, од шпекулации. Ние не сме вклучени во разговорите помеѓу Приштина и Белград. Нашиот став е да расте мирот, пријателството, регионалната соработка. Да одат земјите кон европската интеграција. Тоа е заедничка цел. Остануваме пријатели на Косово. Драго ми е што и тој позитивно изреагира. Денеска ја прочитав изјавата. Ние сме пријателски земји и секако треба да сметаме на нашето заемно пријателство – рече на новнарско прашање премиерот Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот