Заедничко судење на четворица поранешни водачи на ОВК

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Специјализираниот совет на Косово во одговор на приштинската телевизија Т7 рече дека на четворицата обвинети поранешни водачи на ОВК ќе им се суди на заедничко судење во Хаг.

Поранешните водачи на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, кои беа обвинети пред Специјалниот суд за воени злосторства и злосторства против човештвото, се во притвор во Хаг.

Обвинението против нив беше потврдено на 26 октомври 2020 година и објавено на 5 ноември.

Во случајот на Специјалниот обвинител против Тачи и другите, судијата на претходна постапка се уште нема одлучено кога случајот ќе биде упатен до Судскиот совет. Случајот во моментов е во фаза на претходна постапка.

Во текот на оваа фаза, судијата на претходна постапка одржува рочишта, по потреба, за да ги подготви постапките.

Датумот на пренесување на списите на предметот до Судскиот совет и датумот на започнување на судењето не се утврдени.

Судењето ќе биде заедничко, според Специјализираниот совет на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот