Забрчанец: Нема друга политика во С. Македонија за која има повеќе поддршка од „Отворен Балкан“

„Досега се објавени четири анкети од релевантни институти, каде што се покажува дека граѓаните со 70 отсто ја поддржуваат иницијативата Отворен Балкан. Имаме речиси национален консензус и нема друга политика во Северна Македонија која има поголема поддршка од Отворен Балкан“ вели Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан во Владата на Северна Македонија

Тој зборуваше на конференцијата „Регионални иницијативи на Западен Балкан – шанси и заблуди“ организирана од Центарот за граѓанско образование од Подгорица, Црна Гора.

Тој додаде дека „иницијативата веќе ги дава првите резултати – заемната поддршка и помош во справувањето со природните катастрофи, како и во поедноставувањето на постапките за извоз и увоз на храна и други производи“.

Освен тоа, како еден од позитивните резултати на Отворен Балкан, Забрчанец ја наведе одлуката на Владата на Србија „да дозволи извоз на течен гас за болниците и училишта во Северна Македонија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот