снег
Забрана за камиони поради врнежи од снег / фото: Фејсбук

Забрана за камиони на повеќе планински превои

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива по влажни коловози, а за тешки товарни возила е воведена забрана за сообраќај на повеќе планински превои, информираат од АМСМ.

Забраната за тешки товарни возила важи на превоите Плетвар, Ѓавато, Пресека, Маврово–Дебар–Струга, како и на граничниот премин Ќафасан. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини, од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека до 15 март 2026 година е на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без разлика на моменталните временски услови.

Возачите се повикуваат на зголемена внимателност, прилагодување на брзината и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои опасност од одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај за сите видови возила до 31 март 2026 година.

Воедно, на повеќе патни правци има времен изменет режим на сообраќај поради градежни активности. Измени има на Коридор 10 на делницата Прилеп–Битола, на скопската обиколница кај Волково и Кондово, на експресниот пат Крива Паланка–Страцин, како и на регионалните и магистралните патишта каде се изведуваат санации и рехабилитации, со сообраќај регулиран со сигнализација, знаменца или семафори. објави Скопје1.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот