Фото МИА.мк

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Поради обилни снежни врнежи, од 09:25 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај на автобуси, додека за лесните моторни возила задолжителна е употреба на зимска опрема, односно синџири, информира Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Претходно, АМСМ соопшти дека утринава во 05:15 часот е воведена забрана за движење на товарни возила на патот Струга – граничен премин „Ќафасан“. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

Снежни врнежи со променлив интензитет се евидентирани во Куманово, Страцин, Крушево и Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.

Дополнително, од 10:00 часот на граничниот премин „Меџитлија“ ќе биде воведена забрана за сообраќај на товарни возила во наредните 48 часа, односно до 10 јануари во 10:00 часот. Сообраќајот за патничките моторни возила ќе се одвива без ограничувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот