Заборавете на скапите производи: Избелете ги алиштата со состојки што веќе ги имате во вашиот дом
Белата облека и постелнината можат да ја изгубат својата белина со текот на времето и да добијат сивкаста или жолтеникава нијанса, особено по често перење. Наместо да користат агресивни хемикалии, многумина се свртуваат кон природни раствори – со состојки што веќе ги имаат во својот дом, а некои од нив се следниве:
Препорачано
Прашок за пециво
Еден од најпристапните и најефикасните природни средства за белење е прашокот за пециво. Потребно е да додадете 3 до 4 лажици прашок во топла вода, потоа да го потопите алиштата во растворот и да ги оставите да отстојат околу 30 минути. Оваа смеса помага да се отстранат тврдокорните дамки и да се неутрализираат непријатните мириси. По потопувањето, перете ги алиштата во машината како и обично, а за дополнителен ефект на свежина, исушете ги на сонце.
Оцет
Оцетот е познат како природно средство за чистење и омекнувач, а е одличен и за белење на алиштата. Потопете ги алиштата во вода со додаден оцет, оставете ги да отстојат, а потоа перете ги во машината на нормален циклус. Овој метод е особено погоден за чувствителни ткаенини бидејќи е нежен и ефикасен во исто време.
Сок од лимон
Сокот од лимон, сличен на оцетот, има природни својства за белење. Додадете чаша оцет и сок од еден лимон во голем сад со топла вода. Потопете го белитe алишта во овој раствор и оставете го најмалку 45 минути. После тоа, исперете го во машина за перење. Комбинацијата од лимон и оцет дава одлични резултати и ги остава ткаенините свежи и сјајни.
Природните методи за белење се едноставни, евтини и лесно применливи во секое домаќинство. Освен што се нежни кон ткаенините, тие го штитат и здравјето на вашата кожа и ја намалуваат употребата на агресивни хемикалии.


