ВИДЕО: За влакно избегната тепачка во Собранието, интервенираше обезбедувањето
За влакно избегната тепачка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на првата собраниска седница за поставување на опозициски пратенички прашања. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за да спречи вербалниот инцидент да прерасне и во физички го повика обезбедувањето да интервенира и даде 10 минути пуза.
Препорачано
Тензиите се кренаа кога пратеникот Реџеп Исмаил од Левица му постави пратеничко прашање на премиерот Христијан Мицкоски, а тоа пак, претходно не било писмено најавено кај претседателот на Собранието, како што предвидува Деловникот. На ова процедурално реагираше Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека го изигруваат Деловникот и дека намерно провоцираат за да бидат забележани. По ова настана мешаница, а Апасиев од место довикуваше и замавнуваше со, најверојатно Деловникот и фрли со предмет кон пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои пак, се собраа околу местата каде што седат пратениците од Левица.
Претходно следеа неколку процедурални забелешки на пратеници од Левица со Мицевски, во кои тие објаснуваа дека му доставиле нов список на Гаши со прашање до премиерот. Револт кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предизвика и прашањето на Исмаил кој бараше одговор од Мицкоски за поддршката што то ја даде за Радмила Шеќеринска на функцијата заменик генерален секретар на НАТО бидејќи претходно немал пофални зборови за неа, па се доби впечаток дека со процедуралните се бара начин премиерот да нема време да одговори.
-Со што Шеќеринска заслужи да ја добие вашата поддршка да биде избрана на висока функција на меѓународна воена организација во која ние сме членка. Обвинувавте дека Шеќеринска нема да биде амнестирана, ја повикувавте да се извини зашто од нејзината уста зборувале грчки дипломати, за крадење и за предавство на национални интереси, како сега оваа бонбона криминогена ексфункционерка ја промовиравте на висока функција во НАТО- праша Исмаил.
Мицкоски одговори дека такви прашања поставува за да му се допадне на партискиот лидер и го потсети Исмаил дека веќе одговори зошто ја поддржал Шеќеринска.
-Јас објаснив и вчера дека со госпоѓата Радмила Шекеринска имаме дијаметрални разлики за многу прашања што се однесуваат на дневната политика, но не само на дневната политика, туку и на стратешки разлики, идеолошки разлики, и тука никој не треба да има дилема. Но, секогаш кога станува збор за македонски национален интерес подготвен сум да поддржам секого. Во изборот меѓу Радмила Шекеринска и останати четири други кандидатки, логично е како премиер на Владата на цела Македонија, не само на лево, десно, центар, Македонци, Албанци, Турци…на сите, да донесам одлука за која што заедно со луѓето кои се во соодветните ресори ќе покажеме дека тоа што го зборуваме и кога повикуваме на национално единство, тоа и да го практикуваме. И, друг пат кога ќе има ваква прилика, без разлика дали таа опција доаѓа од лево, десно…секој македонски граѓанин кој што гордо ќе ја претставува својата татковина Македонија, од мене ќе биде поддржан за која било меѓународна институција. Какао ќе се однесува таа на функцијата тоа е друга работа. Да ве постсетам вие склучувате непринципиелни коалиции. Вие пред избори ја отфрливте подадената рака за предизборна коалиција со нас. Вие не бевте пратеник но овој насилникот и другиот знаат дека во 2020 година Заев му кажа на Апасиев дека се договориле за заеднички настап на избори за да ја спасат Македонија од Христијан Мицкоски. Вие склучувате такви коалиции а ние ќе се бориме за националните интереси – рече Мицкоски.
На седницата Миле Талевски побара оставка од министерката за енергетика Сања Божиновска, за како што реше многуте скандали досрга и побара таа да одговори кога ќе го врати долгот од еден милон евра.
-Освен фирмата која должи еден милион евра, вие во минатото сте основале или сте биле дел, сте работеле и сте изршувале различни позиции во повеќе фирми.Во 2014 година компании во кои во различни периоди сте биле дел од нивниот работен век државните институции им поднесувале пријави со сомнежи за малверзации и незаконско работење, но изостанал правен епилог.Тоа е скандалот со пријавите за цитирам „картелско здружување“ поради тргување со електрична енергија и даночно затајување. Казнети за картелско здружување биле фирмите „ЕФТ“, „ЕЗПАДА“, „РУДНАП“,„ГЕН-И Скопје“ за вас многу добро познати – рече Талески.
Тој праша дали ќе си поднесе оставка после сите овие скандали, сомнежи за малверзации, лажење на јавноста и катастрофално лоши резултати во секторот енергетика.
Министерката му одговори дека се надевала ото по дебаклот на изборите ќе се консолидираат и ќе бидат конструктивна опозиција, Дека веќе одговрила на тие прашања на интервјуа и гостувања и дека никаде не бега. –
-Тоа што го коментирате за нешто што се случило во 2017 година, тогаш вие бевте на власт и имавте седум години нешто да реагирате за тоа. Во 2017 година, ЕСМ од тогашниот генерален директор беше оставен со 20 милиони евра профит, со направени ремонти, со направен тендер за механизација и денеска после седум години начекав – минус 80 милиони евра работење на ЕСМ. Префрлени 379 милиони евра од граѓаните на ЕСМ. Тоа се пари на граѓаните со кои сте можеле да изградите некој објект – рече Божиновска и додаде дека во времето на СДСМ во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар.
На прашањето дали министерката Божиновска поседува бугарски пасош, таа рече дека поседува македонски и чешки пасош. За нејзината фирма во Прага, министерката истакна дека кога живеела таму морала да основа фирма за да може да купи стан бидејќи, како што рече, со македонски пасош тоа не е можно. Таа негираше вмешаност во било какви картел здруженија.
Во фокусот на пратениците на ДУИ беа прашањата за министрите Изет Меџити и Арбен Таравари дали албанскиот јазик е официјален или не зашто тие во Влада и во Собрание зборуваат на албански јазик, а во контекст на изјавата на косовскиот премиер дека албанскиот јазик во Македонија не е службен и дека нема закон за албански јазик со што пак, се согласија од Вреди.


