ЗА ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Руски кошаркарски клуб вработи „робот“! (ФОТО)

twitter.com/iamanch

Да, добро прочитавте, на стручниот штаб на рускиот кошаркарски клуб ќе му се приклучи робот од руската компанија „Промобот“, кој ќе ја има улогата на асистент главен тренер на Казис Максвитис.

Неговата задача ќе биде да собира и анализира податоци во текот на натпреварите.

Користејќи одредена мрежа, роботот ќе процесуира статистички индикатори на играчите, прави сметки користејќи бројни статистички параметри и потоа ги пренесува информациите до главниот тренер.

Ќе биде присутен само на мечевите кои Парма ќе ги игра на домашен терен.

Ова е за првпат во историјата еден вид на вештачка интелигенција се вклучи во работата на стручен штаб на еден професионален спортски клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот