За празна чинија 2 евра, за поставување на маса 7,5: Блогерка се шокирала кога ѝ ја донеле сметката

Фото: Принтскрин/Instagram/selvaggialucarelli

Отмен ресторан со седиште во Лигурија, Италија, наплатил две евра за празна чинија откако блогерката Селваџиа Лукарели побарала дополнителна чинија за да го подели јадењето со својата ќерка.

Потегот на тој ресторан предизвика гнев кај гостинката, која на социјалните мрежи сподели фотографија од сметката, а набрзо се вклучи и италијанската јавност згрозена од постапките на ресторанот.

Блогерката Лукарели го замолила келнерот за празна чинија за да може да го подели јадењето. Таа била шокирана кога ја погледнала сметката на која ѝ ја наплатиле таа дополнителна чинија, а на сметката тоа е наведено како „чинија за споделување“.

Фото: Принтскрин/Instagram/Selvaggialucarelli

Ресторанот се наоѓа на ексклузивно место во Џеновскиот залив, каде плаќањето на кувер се подразбира, но овој гостин ги предупредува туристите за неочекувани трошоци бидејќи празната чинија се наплаќа заедно со куверот (le couvert – подразбира прибор за јадење – нож, вилушка и лажица), пишува „Тајмс“.

(Французите први воведоа доплата за оваа услуга, т.е. одржување на инвентарот, а покритието значело целото поставување на масата – салфетки, чаршав, чинии и чаши.)

Куверот бил наплатен 7,5 евра, а вкупната сметка изнесувала 55,5 евра.

Фото: Принтскрин/Instagram/Selvaggialucarelli

Откако жената објави фотографија од сметката на социјалните мрежи, италијанската јавност го осуди ресторанот, а во дебатата се вклучи и гувернерот на Лигурија, Џовани Тоти, кој почувствува потреба да ја осуди практиката на ресторанот: „За мене оваа дополнително плаќање не е во ред“.

Набрзо се огласија сопствениците на ресторанот и се обидоа да ја објаснат постапката: „Масата е за тројца, а тие јадеа за еден. Некој ги мие и тие садови. Госпоѓата што ја објави сметката беше на маса за тројца, бидејќи дојдоа двајца возрасни и едно дете. Нарачаа само една чинија тестенини со песто и една со пржени рибички, а побараа дополнителни чинии за двете. Значи, имаа вкупно четири чинии, а ние наплативме само една, бидејќи плаќаме и за машината за садови“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот