Непрописно паркирани возила/ Фото: Општина Центар

За непрописно паркирање во Центар казна од 50 евра, инспекторите ги засилија контролите

По 50 евра казна ќе заработат граѓаните кои непрописно ги паркираат своите возила на јавни и зелени површини на територијата на општина Центар.

Од Општината информираа дека нивните комуналните инспектори и редари спроведуваат засилени контроли на возилата и дека на секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар.

Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во барака 6А и како што потсетуваат од Центар, доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот ќе плати половина од износот. По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд.

Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот