За наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината пристигнаа 36 ракописи

На петтиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, што го организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 36 ракописи.

Конкурсот беше отворен во мај и траеше до 30 септември 2023 година. Во периодот што следува, пристигнатите ракописи ќе ги оценува тричлена комисија, сочинета од двајца еминентни претставници од културната сфера и претставник од издавачката куќа „Арс Ламина“.

Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 29 декември 2023 година.

На минатогодишното издание на „Пегаз“ пристигнаа 38 ракописи, а за победнички беше избран романот „Зелениот дворец“ од писателот Сибо, кому му беше врачена наградата на посебна промотивна свеченост. Наградата е востановена и се доделува од 2019 година.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 200, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 14-15.10.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот