Стихозбирката „Длабок простор“ на Зоран Анчевски е поетско патување во бесконечноста на јазикот и на битието
Во суштината на новата поетска збирка „Длабок простор“ на Зоран Анчевски, објавена од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, нурнаа промоторката Лидија Капушевска-Дракулевска и уредничката Оливера Ќорвезироска. Постојат простори што не можат да се измерат со далечини, ниту да се опфатат со поглед. Простори што живеат во зборот, во сеќавањето, во мигот кога …

