За Македонците нема влез во земјите на ЕУ до септември

Димпломатски извори од Брисел потврдија дека амбасадорите на земјите членки на ЕУ одлучија да не ја вратат Србија на списокот на земји на кои им е дозволено да патуваат во ЕУ врз основа на подобра епидемиолошка состојба. Новата ажурирана листа не вклучува нови земји, ниту земји од Западен Балкан, пренесува српски „Танјуг“.

Тоа значи дека Македонците уште цел месец нема да можат да патуваат во државите од Европската Унија.

Оценката на амбасадорите е дека епидемилошката состојба во земјите од Западен Балкан е доволно лоша, поради што, само се потврди претходната одлука. Иако во претходниот период одлуките за тоа кои земји остануваат вон ЕУ се донесуваа на секои две недели, денешната одлука е за период од еден месец, до септември.

Според „Танјуг“, нема да има нови сесии на амбасадорите на ЕУ во текот на следниот месец, а списокот ќе се ажурира како прашање на итност, само во случај на драстична промена на епидемиолошката состојба на земјите од Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот