Вучиќ се закани со кривична пријава откако зетот на Трамп се повлече: Лично ќе се погрижам да одговараат сите што ѝ наштетија на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека со „кампањата и хајката што била водена, неговата опозиција успеала да уништи сè, со цел сè да се оцрни, да се разори Србија, да се остави без инвеститори и така да исчезне од мапата на успешни земји“.

По веста дека зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се повлекол од планираниот проект за изградба на хотел „Трамп“ во Белград, откако проектот предизвика протести и поднесување обвинение против министерот за култура Никола Селаковиќ, по ова прашање се огласи и претседателот на Србија, објави „Нова“.

— Горд сум на сите оние кои се обидоа да доведат таков инвеститор. Со кампањата и хајката што беше водена, успеавме сè да уништиме. Кампањата започна како поддршка на блокадерската хајка, со цел сè да се оцрни, да се разори Србија, да се остави без инвеститори и на тој начин да исчезне од мапата на успешни земји. Изгубивме една исклучителна инвестиција. Лично ќе се погрижам сите што учествуваа во нанесувањето штета да одговараат за тоа — изјави Вучиќ.

Србија одобри договор со Кушнер за изградба на луксузен хотел на местото на поранешниот генералштаб во Белград

Тој додаде дека денес, како држава и како народ, Србија е голем губитник.

— Штом има злоупотреба на службената положба, предметот оди кај Јавното обвинителство за организиран криминал (ТОК). Не можат да бидат над законот ниту Ненадиќ, ниту Исаиловиќ, тука нема филозофија. Штетата што ѝ е нанесена на Србија е огромна. Сега ќе имаме една урната зграда — рече Вучиќ, повторувајќи дека во проектот немало никаква корупција и дека ќе поднесе кривични пријави против сите кои учествувале.

Тој нагласи и дека во овој случај не би било надлежно Обвинителството за организиран криминал.

„Кушнер се исплаши од народот во Белград кога ќе се појават багерите“: Ќута му порача да најде друго место за возбуда

— Доколку би поднел пријава против обвинител за организиран криминал, за тоа би бил надлежен ТОК. Тие самите би ми напишале одговор бидејќи се надлежни за самите себе. Кадија ти суди, кадија те тужи. Штом има злоупотреба на службената положба, веднаш оди кај ТОК и тие одлучуваат за себе. Тоа ќе го смениме многу брзо. Лажеа дека ќе ги менуваме законите за да го укинеме ТОК, нема да го укинеме, но и тие лица ќе одговараат пред законот и нема да бидат изземени — порача Вучиќ.

Тој заклучи дека ваква пракса не постои никаде во светот.

— Никаде во светот нема да видите обвинител да се појавува на блокадерски собири. Ќе направам сè за тие да одговараат. Ваша обврска е да бидете сериозни и одговорни. Пропуштивме една голема можност. Дел од нашата политичка опозиција е подготвен да направи сè против сопствената Србија — изјави Вучиќ.

Протекоа детали од тајниот договор меѓу Србија и зетот на Трамп: Проектот кај Генералштабот ги скока српските закони, Американците имаат последен збор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот