Вучиќ се извини за заканата на министерот Братина: Никој нема да убива студенти

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека изјавата на министерот Борис Братина дека студентите „не се свесни дека полицијата има право да ги тепа и убива“ е непростливо лоша и дека „таква изјава не смее да постои, без разлика дали е извадена од контекст или не“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ им се извини на сите студенти и граѓани на Србија за изјавата на министерот за информации и телекомуникации Борис Братина дека студентите „не се свесни дека полицијата таму има право да ги тепа и убива“, објави „Н1“.

Вучиќ им изјави на новинарите во Претседателството дека тоа е „непростливо лоша изјава на министерот, без разлика дали е извадена од контекст или не“.

– Таква изјава не смее да постои, без разлика дали е извадена од контекст или не, зашто ние 15 месеци издржавме до убиството на Милица Живковиќ, за кое е јасно дека не се одговорни државните органи или политичките противници на блокадерите, издржавме да нема ниедна жртва, да немаме ниеден трагичен настан – наведе Вучиќ.

„Полицијата има право да ги тепа и да ги убие студентите“ – изјавата поради која се бара смена на српскиот министер Братина

Тој наведе дека во земја во која тој е претседател „никој нема да убива студенти“.

– И оние кои дури неретко само одговараа на нивните напади, платија висока цена, и со затворски казни и финансиски – рече Вучиќ.

Тој наведе дека ќе го заштити животот на секој човек во Србија, повторувајќи дека никој нема право да ги убива студентите.

– Полицијата нема да ги убива. Полицијата таму отиде да истражи убиство. Дали е убиство или самоубиство, прерано е да носиме заклучоци – рече Вучиќ и додаде дека треба да им се остави на надлежните органи да донесат одлука.

Како Вучиќ знае детали за смртта на студентката во Белград и дали смее да ги знае?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот