„Полицијата има право да ги тепа и да ги убие студентите“ – изјавата поради која се бара смена на српскиот министер Братина
Повеќе опозициски партии и здруженија во Србија побараа смена на министерот за информирање и телекомуникации во Владата на Србија Борис Братина поради неговата изјава дека „полицијата има право да ги тепа и да ги убие студентите“.
Препорачано
Братина на денот на студентите, во гостување на телевизија „Танјуг“ рече дека студентите не биле свесни дека „полицијата има право да ги тепа и да ги убие“ во моментите кога „некој им продава анархистичка идеологија“.
Борис Братина е некогашен член на ултрадесничарска организација која го запали знамето на Европската Унија.
-До некаде сите сметавме дека е добро што младите може да се изразат. Но, во моментот кога младите ќе сфатат нешто на сосема сериозен начин, кога некој е во состојба да им продаде анархистичка идеологија, знаете, тие не се свесни дека полицијата има право да ги тепа и да ги убие, рече министерот.
На забелешката од новинарите дека полицијата нема право да ги убие студентите Братина одговори:
-Па не, но како да ви кажам, сведочиме гледајќи историски, сешто се случуваше.
Реагирајќи на таквата изјава на министерот од српската влада, Мрежата за академска солидарност и ангажираност го праша по кој закон „полицијата има право и да убие“ кого било, вклучително и младите.
-Ваков говор на омраза и насилстсво не смее да добие простор во јавноста, истакнаа оттаму.
Лидерот на Партијата за слобода и правда Драган Ѓилас оцени дека изајвата на Братина претставува еден од најопасните и најсрамните моменти во современата политичка историја на Србија.
-Човекот кој седи во Владата на Србија и праќа порака на студентите дека државата има право да ги убие, не може да остане на таа фунцкија ни еден единствен ден, наведе тој.
Извор Радио Слободна Европа


