Вучиќ по дијалогот: Лоша средба во Брисел, Албанците разговараа само за „трите геноциди на Србија”

Александар Вучиќ /Фото: EPA

Во Брисел се одржа трилатерална средба меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Косово, Албин Курти и посредникот на ЕУ во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Жосеп Борел и Мирослав Лајчак, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што пренесе РТС косовскиот премиер Албин Курти ја обвини Србија за три геноциди, на што остро одговорил претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој презентирал список со 80 етнички и религиозно мотивирани напади врз Србите од почетокот на годинава, како и фотографии и детален опис на сè што се случило од почетокот на годината.

Тема на состанокот требаше да биде формирање на Заедницата на српски општини и исчезнатите лица.

По новата рунда дијалог во Брисел, Вучиќ изјави дека средбата била лоша и дека разговорот бил многу непријатен бидејќи суштината на изјавата на албанската страна била дека Србија е виновна за три геноциди во Косово. Вучиќ кажа дека Србија ги прифатила сите три точки од предлогот на ЕУ за разговори, но дека Приштина не сакала да прифати ниту една, пренесе Н1.

Вучиќ, исто така, кажа дека е особено загрижен што делегацијата од Приштина, предводена од Курти, не ја прифатила втората точка од предлогот – која гласи „дека двете страни се воздржуваат од активности што можат да ја дестабилизираат ситуацијата на теренот”.

– Не можевме да се договориме за ништо … Последен пат кога бевме во Брисел, сметав дека е невозможно да имаме полоша средба, денес се убедив дека тоа е можно, кажа Вучиќ пред новинарите, потенцирајќи дека делегациите добиле предлози на ЕУ кои биле усогласени со главните преговарачи.

Според Вучиќ, Србија целосно се согласила со сè што ЕУ предложила во три точки:

  1. Да се интензивираат заедничките напори за идентификување на остатоците на исчезнатите лица.
  2. Да се воздржат од активности што можат да ја дестабилизираат состојбата на теренот и
  3. Главните преговарачи да се среќаваат еднаш месечно.

Според Вучиќ, не можевме да се согласиме за овие три точки, кои Србија ги прифати без никакви забелешки. Албанците, како што кажа, не сакаа да ги прифатат тие точки, а особено не сакаа да ја прифатат втората точка и цело време условуваа со некои „нови политички критериуми”.

– Суштината на нивните изјави е дека Србија е виновна за три геноциди во Косово, изјави Вучиќ, објаснувајќи дека Курти зборувал за наводни геноциди, од кои првиот бил извршен во 1878 година, а последниот во 1999 година.

– За другите, не сум сигурен дали тој мислеше на Балканските војни или Втората светска војна, кажа Вучиќ.

Тој оцени да „очигледно дека некои не сакаат никаков разговор и оти сè се сведува на една иста работа – да некој ќе ја принуди Србија да го признае Косово и тоа е тоа”.

Тој ја критикуваше тенденцијата постојано да се инсистира на датуми поврзани со дијалогот за Косово и да е поважна суштината, а не датумот и дека е поразително што приштинската делегација не сакала да разговара за предложените три точки.

– Не знам за што зборуваме ако не можеме да се согласиме за ова. Сакам да зборувам за иднината, а тие не сакаат да зборуваат за Ивица Дачиќ и Вељко Одаловиќ, дури и овие луѓе од ЕУ не веруваа во она што го гледаат и слушаат, тоа е приказна од 19 век, човекот буквално се врати во 19 век, кажа Вучиќ, кој додаде дека е збунет и да не сака никакви политички поени”.

„Се согласиле или не со мене, ова е многу тешка ситуација за нас”, оцени Вучиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот