Александар Вучиќ
Александар Вучиќ / EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Вучиќ: Ќе изградиме гасоводи до различни делови на Србија

Србија ќе гради нови гасоводи, а важно е тие да стигнат до Врање и Прешево, Тутин-Александровац, Пријепоље и Прибој, како и до Нова Варош, Чајетина, Ваљево и Лозница, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ на годишната конференција ги презентираше проектите за нови гасоводи во Србија, а посочи и дека ќе се гради реверзибилната хидроцентрала Бистрица, како и Ѓердап 3.

„Мора да инвестираме многу повеќе“, изјави Вучиќ.Тој укажа и на плановите за изградба на гасоводи до Косовска Митровица, но рече дека за тоа има политички проблеми. Тој додаде дека финансирањето на сите тие проекти е планирано во 2023 година, објави Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот