ВИДЕО: Вучиќ и одговори на Урсула Фон дер Лајен: Признавањето на Косово не е прашање за нас

Александар Вучиќ / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, денеска на прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ посочи дека Србија треба да го признае Косово, по што доби остар одговор од претседателот.

За нас признавањето на независноста на Косово не е прашање и тоа не се срамам и не се плашам да го кажам пред Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен рече Вучиќ кој додаде дека Србија ги знае своите одговорности од досегашните договори и дека и Косово треба да ги исполни своите обврски, најпрво формирањето на Заедницата на српските општини.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот