ВМА - Белград

Вучиќ е примен на ВМА во Белград, откако му се слоши и ја прекина посетата на Америка

Српскиот претседател Александар Вучиќ околу пладне е примен на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, веднаш откако слетал на белградскиот аеродром од САД, објавија српските медиуми.

Вучиќ на ВМА, како што пишува „Блиц“, го пречекале министерот за здравство Златибор Лончар и д-р Драган Динчиќ, кој бил лекар на поранешниот српски претседател Борис Тадиќ.

Здравствената состојба на Вучиќ, според медиумите блиски до власта, се влошила вчера, додека се подготвувал за договорените состаноци во САД. Тој веднаш побарал лекарска помош, а потоа и ја прекина работната посета и се врати во Белград. Засега нема официјални информации за природата на здравствениот проблем.

Според информациите на „Танјуг“, на претседателот Вучиќ му се слошило во раните попладневни часови по локално време. Во тој момент, во просторијата со Вучиќ биле министерот за финансии Синиша Мали и медиумската советничка Сузана Васиљевиќ.

На Вучиќ ненадејно му се слошило, ја прекинал посетата на САД и се враќа во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот