Александар Вучиќ / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

На Вучиќ ненадејно му се слошило, ја прекинал посетата на САД и се враќа во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ морал итно да ја прекине посетата на Соединетите Американски Држави откако ненадејно му се слошило. Тој е на пат кон Белград, откако во САД побарал медицинска помош, јавуваат српските медиуми.

Откако го прегледале американските лекари, донесена е одлука Вучиќ да се врати во Белград, пишуваат провладините портали.

Поради ненадејниот медицински проблем, претседателот на Србија нема да се појави на главните настани за кои замина во посета на САД, каде требаше да има и куса средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Вучиќ требаше да се сретне и со конгресменката Клаудија Тени, некогашниот гувернер на Илиноис, Род Благојевиќ, како и со американски бизнисмени од српско потекло. Со него во САД беа и министерот за финансии Синиша Мали и советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ, пишуваат српските медиуми.

Засега нема никакви детали за здравствениот проблем на Вучиќ, поради кој се доведуваат во прашање и намерите на српскиот претседател да отпатува во Москва на 9 мај, каде сака да учествува на парадата на Владимир Путин по повод Денот на победата над нацизмот во Втората светска војна. Вучиќ изминативе недели беше под притисок од европските претставници да ја откаже посетата на Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот