Вучиќ: Во Подгорица дојдов на погреб на Амфилохие, не се мешам за владата на Црна Гора

Фото: EPA-EFE/NEMANJA JOVANOVIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Подгорица изјави дека дошол во Црна Гора на погребот на Амфилохије „како претседател на Србија за да покаже почит кон него” и да каже колку му е жал за тоа што ова се случило во историски момент „во кој неговата мудроста и знаењето би биле многу потребни”.

Вучиќ за ТВ Вијести кажа дека не сака да се меша во формирање на владата во Црна Гора, дека тој „не е американски амбасадор за да може да слушнете од него кој треба, а кој не смее да биде во владата”, дека ја посетил семејната куќа на лидерот на Нова српска демократија од колацијата „Демократски фронт“, Андрија Мандиќ и дека не се согласил со останатите лидери на Демократски фронт.

– Се видовме накратко. Тие ми рекоа дека се согласиле на експертска влада. Тие воопшто не ме слушаат, бидејќи јас не би се согласил со тоа. Никогаш не би се согласил со малцинска поддршка за влада, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека ќе соработува со мандатарот Здравко Кривокапиќ и дека ќе го почитува претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Српскиот претседател изјави дека нема амбиција да го контролира ниту Кривокапиќ ниту „Демократскиот фронт“, како и дека „нема да зборува за неговата блискост со Ѓукановиќ”, наведувајќи дека тие отворено говореле за различните ставови околу позицијата на српскиот народ во Црна Гора.

Според Вучиќ, во документацијата на безбедносните служби на Србија, во случајот на „државен удар” во Црна Гора, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ не се споменуваат никаде, но се споменуваат некои други странски лица и државјани на Србија.

Вучиќ досега не бил во официјална посета на Црна Гора, а за посетата на Подгорица, тој на новинарите им кажа дека „тоа е обврска која ја покажува блискоста на Србија и Црна Гора, но и заедничкото единство на српскиот народ, што се работи од пресудно значење”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот