Вучиќ: Работите се покомпликувани одошто замислуваат во Приштина

Фото: EPA-EFE/NEMANJA JOVANOVIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, учествуваше денеска на панелот во рамки на Белградскиот безбедносен форум (ББФ) заедно со косовскиот премиер, Авдула Хоти, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак и директорот на безбедносниот совет на Белата куќа, Рајан Тали.

Вучиќ на панелот посочи дека Приштина мора да го смени ставот дека единствено решение е Србија да го признае Косово и да разбере дека е потребно да се спроведат сите потпишани договори, пред сè, Бриселскиот, додавајќи дека само на тој начин може да се најде компромисно решение, за кое нема алтернатива.

Косовскиот премиер, Авдула Хоти кажа дека во последните две децении видовме голема трансформација на односите меѓу земјите од регионот, што е јасен знак за стабилна иднина, за што им се заблагодари на Европската Унија и на САД за нивната улога.

– Што се однесува до Косово, нашата политика за регионални односи се заснова на конструктивност и добрососедски односи. Ова е можно само кога се признаваме едни со други и водиме конструктивен дијалог. Имаме јасни знаци дека придонесуваме за безбедноста во регионот, мислам дека Западен Балкан треба да остане регион со јасна евроатлантска иднина. Ние не сме на границите на ЕУ, кажа Хоти, кој додаде дека договорот од Вашингтон е „историски момент” и дека Приштина е подготвена за него.

Специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, изјави дека политичарите не треба да се занимаваат со минатото, објаснувајќи го минатото во контекст на помирувањето, туку тоа треба да биде работа на експерти.

– Регионот не само што има заедничко минато, туку има и заедничка иднина. Сите лидери треба да се запрашаат: „Дали ова што го правам ќе го направи мојот народ поблизок до Европската унија или не? – Но, лидерите не си го поставуваат тоа прашање доволно често”, кажа Лајчак.

ЕУ стана претпазлива кога станува збор за „увоз” на предизвици (како што се односите Белград-Приштина).

– Земјите од регионот мора да сметаат дека европската перспектива не е далечен сон, туку непосредна иднина. ЕУ е најпросперитетна заедница на нации и ги почитува нејзините обврски, вклучително и оние од Солун во 2003 година. Што се однесува до дијалогот меѓу Белград и Приштина, јас го гледам процесот на нормализација како главен придонес во регионалниот дијалог. Тоа не е едноставен процес, но не се сомневам дека вреди, кажа Лајчак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот