ВТА: Ѓорческа падна за една позиција, Швјонтек со титула во Мексико го презема врвот

Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има пад од едно место на најновата ВТА ранг листа.

Ѓорческа се наоѓа на 187 позиција со 399 поени, веднаш пред четвртфиналистката на „УС Опен“ од 2016 година, Хрватката Ана Коњух.

Нејзиниот последен настап беше на турнирот во Ираклион, Грција, каде во поединечна конкуренција беше елиминирана во четвртфиналната фаза.

На врвот е Арина Сабаленка со 8,425 поени, пред Ига Швјонтек од Полска со 7,795, а третопласирана е Коко Гоф од САД со 5,955.

Швјонтек денеска ќе го игра финалето во Канкун, Мексико, против Џесика Пегула (САД) и со титула полската тенисерка ќе го преземе врвот на ВТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот