Вселенското летало „Џуно“ направи фасцинантни фотографии од месечината на Јупитер – Ија

Ија или Јупитер еден — внатрешната и третата најголемата од четирите Галилееви месечини на планетата Јупитер. Малку поголема од Месечината, Ија е четврта по големина месечина во Сончевиот Систем, има најголема густина од која било месечина и има најмала количина на вода (по атомски сооднос) од кој било познат астрономски објект во Сончевиот Систем. Ија била откриена во 1610 година од Галилео Галилеј и своето име ја добила по митолошкиот лик Ија, свештеничка на Хера која станала една од љубовниците на Зевс.

На 1 март, вселенското летало „Џуно“ на НАСА прелета покрај месечината на Јупитер, Ија, приближувајќи и се на 51.500 километри, и во тој процес сними неверојатни фотографии од вулкански најактивното тело во Сончевиот систем. Неверојатните снимки даваат најдобар и најблизок поглед на Ија откако вселенското летало „Нови Хоризонти прелета покрај системот Јупитер на пат кон Плутон во 2006 година.


Ија, пишува Universe Today“, поради своите стотици вдлабнатини, издигнувања и калдери, кои формираат шарена и забележана површина, сè уште наликува на пица, со тоа што некои вселенски готвачи не се одговорни за оваа, туку исклучително силна вулканска активност. Оваа месечина на Јупитер е најактивниот вулкански свет во Сончевиот систем (слика подолу) со стотици вулкани, од кои некои еруптираат фонтани од лава високи десетици километри.

Тело од оган и мраз

Поради постојаните ерупции и интензивното зрачење, научниците веруваат дека е малку веројатно таму да се развила каква било форма на живот. Малку поголем од нашата Месечина, Ија е третиот по големина природен сателит на Јупитер и петти најоддалечен од планетата. Активните вулкани на ова небесно тело постојано ја менуваат неговата површина, што го прави речиси невозможно да се најдат траги од кратери, наведува НАСА.

Ија ја има најмладата површина во Сончевиот систем, а се верува дека се потребни околу милион години за таа целосно да се промени. Сулфур диоксидот е примарна состојка на ретката атмосфера на Месечината, а сулфурните соединенија се главно одговорни за нејзиниот колоритен пејзаж, во кој доминираат црвената, портокаловата, жолтата, зелената и белата боја.

Температурата на површината на Ија е во просек околу минус 130 степени Целзиусови, но неговите вулкани можат да бидат пеколно жешки со температури кои надминуваат 1.000 степени. Поради ова, Ија често се нарекува вселенско тело направено од оган и мраз.

Уште поблизок поглед

„Џуно“ ќе прелета покрај оваа месечина Јупитер на 16 мај на растојание од 35.000 километри, а на 3 февруари 2024 година ќе прелета на растојание од само 1.500 километри. Џејсон Пери, кој работеше на проектите „Cassini“, „Galileo“ и „HiRISE“, напиша на Твитер дека овие најнови слики веќе покажуваат некои суптилни промени во споредба со оние од „Нови Хоризонти“.

„Промените на површината се прилично суптилни, но гледам најмалку две од нив. Првата е мал проток од источниот крај на Источен Гиру. Ова е вулканска активност првпат забележана од вселенското летало Нови Хоризонти. Втората е поцрвенувањето на Хорс Патер, вулкански кратер. Црвеникавиот материјал укажува на присуство на S3-S4, сулфур со краток ланец кој редовно се обновува од активниот високотемпературен вулканизам“, објасни тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот