Eвропратениците предупредуваат на влошување на основните права во ЕУ

epa08841022 Supporters of Polish Women for abortion demonstrate in front of the European Parliament on the side of the plenary session where Rule of Law and Poland will be debate and on the day celebrating the International Day for Combating Violence Against Women in Brussels, Belgium, 25 November 2020. EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Европскиот парламент со 330 гласа „за”, 298 „против” и 65 воздржани, го усвои својот извештај 2018-2019 за состојбата со основните права во ЕУ во, при што утврди повеќе области на загриженост, јави дописникот на МИА.

Европратениците во извештајот, најостро ги осудуваат напорите на некои земји-членки да ја ослабат поделбата на власта и независноста на судството. Тие потсетуваат на клучната потреба за механизам на ЕУ за демократија, владеење на правото и основните права. Тие укажуваат на напади врз слободата на медиумите, независноста и плурализмот, нагласувајќи ја демократската улога на новинарите и на свиркачите. Покрај тоа, тие ги повикуваат земјите-членки да се воздржат од усвојување законодавство што ја ограничува слободата на собирање и да се стави крај на непропорционалните и насилни интервенции од страна на органите за спроведување на законот.

Ранливите групи (особено жените, лицата со попреченост, старите лица, децата, мигрантите, Ромите, патниците и ЛГБТИ + ) се најмногу погодени од намалување на јавните трошоци, велат пратениците. Тие бараат политика што ги зема во предвид човековите, економските и социјалните права. Тие исто така привлекуваат внимание на важноста за праведна еколошка транзиција, заштитата на младите луѓе (кои немаат пристап до домување поради преголемите цени) и децата во сиромаштија.

Извештајот го осудува „организираниот пад” во родовата еднаквост и правата на жените, особено во областа на здравјето и нивните сексуални и репродуктивни права, нагласувајќи го правото на современи методи на контрацепција и на безбедни и легални абортуси. Покрај тоа, европратениците строго ја осудуваат алармантната стапка на феминициди во ЕУ и сегрегацијата на Ромките во здравствената заштита на мајките, повикувајќи на итна забрана на оваа дискриминаторска практика, како и лекови за жртвите на присилна стерилизација.

Парламентот е многу загрижен за извештаите дека барателите на азил се соочуваат со насилно обесхрабрување и за хуманитарната состојба во прифатните центри. Според европратениците „мора да се стави крај на заплашувањето, апсењето и кривичното гонење на организации и лица кои дале хуманитарна помош, мора да се воспостават хуманитарни коридори и хуманитарни визни програми.”

Европратениците предупредуваат дека говорот на омраза и различните форми на расизам стануваат нормални, не само од екстремистите, туку и од некои владини претставници и политички лидери. Тие бараат вистинска забрана за неофашистичките и неонацистичките групи. Покрај тоа, тие ги осудуваат сите напади против христијаните и бараат нивен еднаков третман во Европа и во светот, по нападите во христијанските верски места.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот